📷 СТРУГА 2024: „Црвено-црна“ моќ над Скандинавците - Вардар ќе го брани трофејот - 24 РАКОМЕТ

📷 СТРУГА 2024: „Црвено-црна“ моќ над Скандинавците – Вардар ќе го брани трофејот

Вардар – Гуиф, Струшки турнир

Ракометарите на Вардар го совладаа шведскиот Ескилстуна Гуиф со 31-18 во второто коло од групите на Струшкиот турнир и обезбедија место во финалниот натпревар, каде што ќе го бранат трофејот освоен лани. Противник на вардарци ќе биде победникот од дуелот меѓу ПАОК Солун и Еурофарм Пелистер. Тренерот Владо Недановски им даде шанса за настап на сите ракометари, а мечот мина во комплетна доминација на „црвено-црните“. Најдобри стрелци во вардаровиот тим беа Маргели со седум гола и Ќосевски со пет, додека Коиј даде четири. Двајцата голмани, Гогов и Еспиња собраа 11 одбрани. Финалето на Струшкиот турнир ќе се игра утревечер од 20:30 часот.