четврток, септември 5, 2024

📷 СТРУГА 2024: Тиквеш се уште „се бара“, ќе има мак-дуел за петто место

Тиквеш – Гуиф, Струшки турнир

Тимот на Тиквеш го забележа вториот пораз на Струшкиот турнир, откако загуби од шведскиот Гуиф со 32-30. Кавадарчани одат сега во натпревар за петтото место на турнирот против Струга, додека Гуиф ќе се соочи во „еден на еден“ дуел со Вардар за првото место во групата и пласман во финалето. Иако кавадарчани водеа со три гола, 23-20, имаа голем пад во играта во финишот, а тоа шведскиот тим знаеше како да го казни и да запише пресврт победа. Нивниот голман Вестерлунф имаше одлична партија и тој беше творец на пресвртот на Гуиф. Кај кавадарчани Анастасовски одигра одлично и даде седум гола, но тоа не беше доволно за нешто повеќе од пораз.