📷 Вардар фаќа ритам, уште еден чекор до битка за трофеј

Вардар – Тиквеш, Струшки турнир

Ланскиот освојувач на трофејот во Струга, Вардар, со победа го отвори настапот на Струшкиот турнир, откако славеше против Тиквеш со 34-27. Победникот беше најавен по првото полуреме кое Вардар го доби со 15-11. Во вториот дел кавадарчани заиграа подобро, намалија на минус два, но немаа сили за завршен удар и Вардар до крајот одигра само рутински. За пласман во финалето, на „црвено-црните“ ќе им треба уште победа над Гуиф.