{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 50Ракометарите на Прилеп со победа над Скопје од 32:24 го започнаа настапот во плеј-аут фазата од суперлигашката конкуренција. Прилепчани фаворитската улога ја оправдаа уште во првото полувреме, на пауза имаа предност од 16:8 и рутински ги одработија вторите 30 минути. Тренерот Божидар Мојсов одлично ја распореди минутажата на домашната клупа, а прилепската публика имаше можност да ги види квалитетите на двете засилувања - Ангелче Органџиев и Ерик Андраде. Прилеп во следните две кола за ривали ги има Голден Арт и Мулти Есенс, екипи против кои играше и во регуларниот дел од сезоната.