🎥Не се бираат средства да се дојде до победа: Црногорецот Грбовиќ остана без дрес!
На натпреварот помеѓу Унгарија и Црна Гора се случи една интересна ситуација. Натпреварот беше динамичен и неизвесен до самиот крај, па во жарот на борбата некогаш знае и да се претера. Целта ги оправдува средствата, а тоа на дело го покажа кружниот напаѓач на Унгарија Бенце Банхиди (Унгарија) во дуелот со Немања Грбовиќ (Црна Гора). Во моментите Екога се кршеше резултатот и важен е секој погодок, унгарскиот пивот Банхиди се обиде на недозволен начин да го запре Грбовиќ на линијата од шест метри, по што црногорскиот пикер остана без дресот. Тоа го виде судијата по што Банхиди беше санкциониран со искчучување. На крајот оваа битка му припадна на Унгарецот чија репрезентација славеше со 26:24.