ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер стартува со настапот во Добој, прв ривал Ал Ахли

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес ќе го одигра мрвиот меч на ТВ турнирот на шампионите во Добој.

Избраниците на Александар Јовиќ за прв ривал на силниот турнир го имаат актуелниот бранител на титулата, египетскиот Ал Ахли.

На 16 август битолчани ќе играат со Слога Добој, на 17 август против Монпелје, а на 18 август ќе биде дуелот за пласман.

Вчера беше свеченото отворање на традиционалниот турнир и беше одигран дуелот меѓу домашната Слога Добој и францускиот Монпелје.

Екипата од Франција без многу проблеми дојде до триумф, кој беше изразен со 24 гола разлика, 44:20.

Учесници на 54. издание на ТВ турнирот на шампионите во Добој се и екипите на Загреб, Војводина, Барселона и Целје.

Распоред на денешните дуели на ТВ турнирот на шампионите во Добој:

17:20 БАРСЕЛОНА – ВОЈВОДИНА

19:10 АЛ АХЛИ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

21:00 ЗАГРЕБ – ЦЕЛЈЕ

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!