Постигна победнички гол од слободен удар, а коментаторот полуде (ВИДЕО)
Екипата на Ормож во натпревар од 22. коло во словенечкиот шампионат прослави победа против Добова со 28:27. Победничкиот гол за домаќините го постигна левиот бек Ник Чировиќ, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Целје. 21-годишниот ракометар предизвика голема еуфорија кај домашните навивачи и коментаторот, откако по истекот на регуларното време од слободен удар погоди во мрежата на гостинот. Чировиќ дуелот со Добова го заврши како најефикасен во победничката екипа со десет погодоци. Погледнете го неговиот победнички гол на видеото во продолжение...