Лазаров: Одиме да се удриме „гради со гради“ со Норвешка (ВИДЕО)
Машката репрезентација на Македонија денеска ја очекува првиот натпревар на Светското првенство во Полска и Шведска. Ривал е селекцијата на Норвешка, а селекторот Кире Лазаров веќе има еден скалп на скандинавски ривал. Во Скопје беше совладан светскиот првак Данска, а Лазаров верува дека ако можевме против нив, можеме да се надигруваме и со Норвежаните. „Играчите треба да се опуштат, треба да им дадеме поддршка, но не теба да се оптоваруваат со резултат. Ако можевме една Данска да ја победиме во Скопје, ќе пробаме тоа да го направиме и со Норвешка“. Целосната изјава на Лазаров погледнете ја во видео прилогот...