Ѓуровиќ: Дојдов во Струга бидејќи македонската лига е најсилна во регионот (ВИДЕО)
Во првиот натпревар од третиот ракометен ден на јубилејниот 50-ти струшкиот турнир, домаќинот РК Струга беше поразен од грчкиот вицепрвак АЕК Атина со 15-30 (5-15). Со оваа победа АЕК Атина се вклучи во борбата за висок пласман и против Еурофарм Пелистер ќе се надева на билет за финалето на силниот турнир, домаќинот на турнирот за првата победа ќе се бори против Татран Прешов, утре од 19:15. Новиот ракометар во редовите на Струга, Богдан Ѓуровиќ смета дека со неговите соиграчи денес не ја покажале борбеноста како што беше во натпреварот против Еурофарм Пелистер. Ѓуровиќ е задоволен од квалитетот на Струшкиот турнир и имаше пофални зборови за организацијата на турнирот, но и за квалитетот на македонскиот шампионат. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на Богдан Ѓуровиќ