понеделник, ноември 25, 2024

Словенечкиот шампион прв се чекираше во Струга (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Словенечкиот првак Целје по вторпат ќе биде дел од Струшкиот турнир, кој ова лето го има јубилејното 50.издание.

Целје веќе еднаш славеше трофеј на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“, кога во 2018 година во финалето славеше против романската Констанца со 25-24.

Ракометарите на Целје веќе пристигнаа во Струга, а утре со почеток од 21:30 часот ќе го одиграат дуелот против Бутел Скопје, во натпревар од групата А.

Освен со Бутел, избраниците на Алем Тоскиќ за ривали ќе ги имаат и екипите на Вардар и Алкалоид.

Целје пристигна во Струга