Искри на теренот во Охрид – судиите делеа црвени и сини картони (ВИДЕО)
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во рамки од последното коло од плеј-оф фазата во Суперлигата, на гостувањето кај Охрид против истоимената екипа успеа да одигра нерешено, 23:23, со што избори настап во Лига на Европа за следната сезона. Дербито во СЦ „Билјанини Извори“ беше проследено со цврста одбрана кај двете екипи, вкупно имаше девет исклучувања и два црвени и сини картони, кои што беа доделени во завршниот дел од натпреварот. При крајот на 48 минута, ракометарот од редовите на Охрид, Филип Николов со влезе во двобој со ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Емилијан Ѓорговски, по што настана турканици на теренот, но за среќа, највозрасните во двата табора ги смирија страстите, а натпреварот продолжи во најдобар ред. Судиите одлучија, Николов и Ѓорговски, поради нивната расправија, да бидат дисквалификувани од натпреварот, односно да заработат црвен и син картон, додека Мице Шилегов од Охрид и Васко Димитровски од гостинскиот тим заработија по две минути исклучување.