Арсениевска распали од десет метри, упати проектил во мрежата на Вардар (ВИДЕО)
Ракометарките на Металург по освојувањето на Куп трофејот, продолжија со одличните настапи и во натпревар од 13.коло во плеј-оф фазата во Женската лига го совладаа Вардар, со резултат 26:23. Голем удел во победата имаше репрезентативката на Македонија, Ивана Арсениевска, која беше меѓу најефикасните ракометарки со пет погодоци, а пред крајот на првото полувреме постигна убав погодок од десетина метри.