Дабевска: Настапите во Унгарија и Романија ми помогнаа играчки да созреам (ВИДЕО)
Македонија загуби два пати од Словенија во натпреварите од ЕХФ Евро Купот. По поразот во Целје од еден гол, избраничките на Љубомир Савевски загубија и дома во Скопје со 20-27. Пикерот Сања Дабевска смета дека за лошото издание на домашен терен причина е заморот, повредите на дел од интернационалките, краткиот ростер...Дабевска оваа сезона го носи дресот на романската Дева, и се надева дека уште повеќе ќе може да му помогне на националниот тим пред предизвикот наречен ЕП. Целата изјава на Дабевска може да ја погледнете во видео прилогот....