Драма во македонска режија - Коцева, Чурлиновска и Дукоска творци на пресвртот против Финска (ВИДЕО) - 24 РАКОМЕТ

Драма во македонска режија – Коцева, Чурлиновска и Дукоска творци на пресвртот против Финска (ВИДЕО)

Женската кадетска репрезентација на Македонија избори полуфинале на ЕХФ шампионатот во Литванија и в сабота ќе игра против Полска. Но не беше лесен патот на избраничките на Љубомир Савевски против Финска. На пет минути до крајот противникот водеше со 18-20. Прво Бојана Коцева погоди од безизлезна ситуација, потоа Чурлиновска одбрани еден удар, повторно стрелаше Коцева и на крајот Дукоска реализираше седмерец по истекот на времето, кој сама го изнуди за комплетен пресврт и победа со 21-20 на Македонија, иако и со реми ќе бевме во полуфиналето. Погледнете....