Некои нови девојки на сцена во женската репрезентација на Македонија (ВИДЕО)
Македонските репрезентативки играат одлично во квалификациите за Светското првенство, а после триумфот над Исланд 24:17 во првото коло, ја совладаа и Литванија со 31:21. Во составот на Симе Симовски новите лица добиваат сè поголема шанса, а тие соодветно и враќаат на репрезентацијата. На дуелот против Литванија во листата на стрелци се запишаа и Симона Стојковска, Александра Боризовска, Леоднида Гичевска, Сања Дабевска, Андреа Седлоска, Ивана Џатевска и Ангела Јанкуловска. Во следното видео можете да ги погледнете некои од погодоците на овие ракометарки кои се очекува да бидат иднината на женската репрезентација на Македонија.