Македонецот со „сто раце“ – се е полесно кога го имате Митревски на голот (ВИДЕО)
Репрезентацијата на Македонија оствари голема победа против светскиот шампион Данска со 33:29 во квалификацискиот меч за Европското првенство во 2022 година. Сите момци одиграа одлично, а можеби најзаслужен за победата беше голманот Никола Митревски кој имаше фантастично издание. Тој беше несовладлив за Хансен и колегите и собра вкупно 13 интервенции од кои голем дел беа од чисти позиции. Во следното видео може да ги погледнете сите одбрани...