Ракометната федерација на Македонија ќе аплицира за вајлд-карта за Светското првенство во Египет следната година, по елиминацијата од страна на ЕХФ.
Сепак Македонија не е единствената земја што го бара тоа – официјално тоа го сторија и Црна Гора, Полска, а денеска и Србија.
Сите овие федерации, на еден или на друг начин, имаат влијание во ИХФ, па и челниците на РФМ ќе мора да вложат големи напори.
„Ракометна Србија е подготвена и играчки и финансиски и организационо да учествува на овој собир. За потсетување до 2009 година учествувавме на 10 од 12 Европски и Светски шампионати“, пишува РСС во соопштението.
Светското првенство во Египет ќе се игра од 14 до 31 јануари следната година. ИХФ ќе додели најмалку две вајлд-карти, а најмногу четири, од кои две сигурно би завршиле на европски селекции.