Келце гореше долго во ноќта: Навивачите му приредија незаборавно испраќање на Агинагалде! (ВИДЕО)
Еден од најдобрите странски ракометари што играле за полскиот шампион Келце несомнено е шпанскиот репрезентативец Хулен Агинагалде. Тој важи за миленик на навивачите на тимот предводен од Талант Душебаев, но на крајот на сезоната Агинагалде заминува од Полска. Пикерот се враќа во Шпанија и ќе го носи дресот на некогашниот европски шампион Бидасоа Ирун. Навивачите немаа шанса да го испратат на терен, па се собраа под терасата на станот на Агинагалде и му пееја песни, а сето тоа беше пропратено со пиротехничко шоу.