Сосема заслужено, голманот на Еурофарм Работник Никола Митревски, се најде во идеалниот тим на регионалната СЕХА лига.
Чуварот на мрежата на битолчани брани во одлична форма и вторпат по ред добива место меѓу најдобрите во СЕХА.
Митревски имаше 12 одбрани во победата на битолчани против Веспрем, а потоа додаде уште 14 против Загреб и Брест Мешков.
Идеалната постава за октомври ја комплетираат Мануел Штрлек (Веспрем), Боривоје Ѓукиќ (Металопластика), Барис Пуховски (Мотор), Микита Ваилупау (Брест), Дмитри Ковалев (Спартак), Живан Пешиќ (Нексе), а најдобар тренер е Хрвоје Хорват од Нексе.