📸 Прилеп го надигра Скопје и најави жестока битка за опстанок

Прилеп – Скопје ГАЛЕРИЈА

Ракометарите на Прилеп со победа над Скопје од 32:24 го започнаа настапот во плеј-аут фазата од суперлигашката конкуренција. Прилепчани фаворитската улога ја оправдаа уште во првото полувреме, на пауза имаа предност од 16:8 и рутински ги одработија вторите 30 минути. Тренерот Божидар Мојсов одлично ја распореди минутажата на домашната клупа, а прилепската публика имаше можност да ги види квалитетите на двете засилувања - Ангелче Органџиев и Ерик Андраде. Прилеп во следните две кола за ривали ги има Голден Арт и Мулти Есенс, екипи против кои играше и во регуларниот дел од сезоната.