📸 Перфектен старт – кошмарен крај: Македонија против Ангола за главна мундијалска рунда

Македонија – Исланд, СП 2. коло

Женската младинска репрезентација на Македонија на СП во Скопје го доживеа првиот пораз, откако во второто коло од групната фаза загуби убедливо од Исланд со 29:17 (11:11). Иако Македонија добро стартуваше, осум минути беше без примен гол, сепак, Исланд успеа да направи камбек и во второто полувреме целосно доминираше на теренот. Утре избраничките на Дарко Јанев ќе мора да ја победат Ангола за да си обезбедат пласман во главната фаза на младинскиот Мундијал.