📷„Лавиците“ од Ѓорче го направија првиот чекор кон ТОП 8

Европски Куп, Ѓорче Петров – Хазена Кинжварт

Ракометарките на Ѓорче Петров го совладаа Хазена Кинжвар со 32:29 на првиот осминафинален дуел од Европскиот Куп и на реваншот, кој ќе се одигра на 20 јануари во Чешка, ќе ги бранат трите гола предност. Ѓорче Петров во поголемиот дел од натпреварот беше во негатива, но во последниот период успеа целосно да го надигра ривалот и да дојде до важна победа со која е многу блиску до четвртфиналето во Европскиот Куп.