📷 Пелистерци фаќаат залет кон одбрана на тронот, Вардар падна во Битола

Еурофарм Пелистер – Вардар ГАЛЕРИЈА

Македонското ракомет „Ел класико“ во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар го доби актуелниот шампион, и тоа со добра игра, за само „десет минути“ во второто полувреме, колку што траеше налетот на зелените кои победија со 27-21 (10-10) во првото коло од плеј офот во домашното првенство. Сега Еурофарм Пелистер го „прескокна“ Вардар на табелата и ја има предност, но останува и реваншоот во Скопје, и уште 13 кола пред да се реши прашањето кој ќе биде шампион. Второт меч сезонава во Битола меѓу овие два тима завршува во корист на домаќините.