📷 ОХРИД 2024: Познати лица во „црно-белиот“ дрес на Партизан пристигнаа покрај езерото

Пристигнување Партизан, турнир Крсте Андоновски

Меѓу учесниците на третото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ ќе биде и српскиот тим Партизан, кој беше дел и од првиот турнир во 2022 година. Предводени од новиот стратег Ѓорѓе Чирковиќ, како и македонскиот интернационалец Бојан Маџовски, капитенот Никола Зечевиќ и искусниот Немања Обрадовиќ, екс членот на Металург и Еурофарм Пелистер, српскиот тим посакува да го повтори успехот и да се бори за финале во СРЦ „Билјанини Извори“. Тука се и голманот Зориќ, пивотот Мичиќ.....Маџовски ќе допатува во Охрид дополнително и ќе му се стави на располагање на Чирковиќ. Партизан е во група со Охрид, Вардар и Целје.