📷 Македонија ја почуствува моќта на Шпанија

Македонија – Шпанија ГАЛЕРИЈА

Женската сениорска репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите за пласман на ЕП 2024, откако на свој терен загуби од силната Шпанија со 31:19 (17:11). Македонија пружи добар отпор во првите 25 минути, потоа „црвената фурија“ многу бргу се одлепи на висока позитива и до крајот на натпреварот имаше голема комоција во играта. Реванш дуелот меѓу Шпанија и Македонија ќе се одигра во градот Ланцароте на Канарските Острови, на 3 март од 17:00 часот.