🎥 Охрид го штиклира и Пролет, се трасира патот кон Европа

Пролет – Охрид

Ракометарите на Охрид по триумфот над вицепрвакот на домашен терен, успеаја да слават и на второто сезонско гостување во Скопје во плеј-офот. По трите бода кај Бутел Скопје, избраниците на Стевче Алушовски ги освоија трите бода и кај незгодниот Пролет, откако славеа со 32-28, а на паузата имаа плус два, 15-13. Со новата победа Охрид уште еднаш потврди дека е сериозен кандидат за место во европските купови за следната сезона....