🎥 Најсмешни видео инсерти: Лекаи се “изрезили“ двапати за триесетина секунди!

Комична ситуација се случи на вчерашниот натпревар од групата Ц помеѓу Унгарија и Црна Гора кој го добија Унгарците со 26:24.Унгарскиот ракометар Мате Лекаи успеа да украде една топка на противникот, и кога требаше да го реализира полесниот дел од задачата односно да истрча контра и реализира, Лекаи шутираше од половина терен кон противничкиот гол. И немаше да биде ништо чудно доколку голот на Црна Гора беше празен. Вака на голот на беше Симиќ, а Лекаи му ја подаде топката во раце на противничкиот голман, што ги остави во чудо унгарските навивачи. Веќе во следната акција Лекаи повторно тргна во контра, но овојпат топката му испадна од раце, што беше втора комична ситуација за Лекаи во рок од триесетина секунди.