Џамбо после две години повторно меѓу стативите (ВИДЕО)

Голманот на Вардар од шампионската генерација во 2017 година, Страхиња Џамбо Милиќ после пауза од две години повторно се врати на ракометот. Милиќ го напушти клубот во 2018 година и планираните шест месеци пауза се одложија многу повеќе. Тој се врати во Белград и како што најави во интервјуто за 24Ракомет, две години подоцна повторно е на терените во дресот на Партизан. Милиќ во кариерата имаше многу проблеми со тежината, а тоа беше и причината заради која се раздели со Вардар. Сè уште е забележливо дека српскиот голман го има истиот проблем. Џамбо враќањето го имаше на полуфиналниот натпревар од купот на Србија помеѓу Динамо Панчево и Партизан кое го доби Динамо со 26:22, а Милиќ за 32 минути на голот собра шест интервенции.