Јевтиќ: Одигравме лошо, без никаква желба, борба…(ВИДЕО)

Екипата на Вардар ја оствари втората победа на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир, откако во вчерашниот натпревар против Бутел триумфираше со резултат 32:20 (18:8). Вардарци во последното коло од групната фаза ќе играат против словенечкиот првак Целје, додека бутелци ќе се соочат со Алкалоид. Кружниот напаѓач на Бутел, Владимир Јевтиќ изјави дека на двата натпревари на Струшкиот турнир, против Целје и Вардар, неговиот тим одиграл лошо, без никаква желба за надигрување. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на Владимир Јевтиќ.