Јанкуловска за 24Ракомет ТВ: Не сме задоволни само со титулата (ВИДЕО)

Ракометарките на Ѓорче Петров не успеаја да изборат пласман во финалето од Купот на Македонија, откако загубија во полуфиналето од Вардар со 30:27. Ѓорчепетровки, кои оваа сезона ја одбранија шампионската титула во националниот шампионат, иако во дуелот со ,,црвено-црните” важеа за фаворитки, барем на хартија, целосно потфрлија, особено во првиот дел. Левиот бек на Ѓорче Петров, Марија Јанкуловска, после загубената битка со ,,црвено-црните" беше разочарана, бидејќи нејзиниот тим не успеа да ја освои дуплата круна. Целосната изјава на младата ракометарка може да ја погледнете на видео прилогот во продолжение...