Ѓукиќ за 24Ракомет ТВ: Шампионот е секогаш шампион (ВИДЕО)

 

Десното крило на Вардар, Дарко Ѓукиќ, после победата во последното коло против Тиквеш и освојувањето на дуплата круна истакна дека со неговите соиграчи имаа турбулентна сезона, која беше проследена со подеми и падови, но исто така, имаше и пофални зборови за нивниот главен ривал, Еурофарм Пелистер, кој покажа дека може да се носи со вардарци, но недоволно за преземање на титулата. Репрезентативецот на Србија до крај верувал дека може неговиот тим да ја одбрани титулата, и покрај киксот што го имаше во регуларниот дел од првенството против вториот тим на Еурофарм Пелистер. Целата изјава на Дарко Ѓукиќ може да ја погледнете на видеото во продолжение.