Ѓорчепетровки со песна во Исланд го прославија триумфот против КА Тор (ВИДЕО)
Ракометарките на Ѓорче Петров обезбедија пласман во третото коло од Европскиот Куп, откако на реванш дуелот против КА Тор на Исланд беа убедливи со 34:23. Иако на избраничките на Симе Симовски им беше потребна минимална победа, бидејќи првиот дуел, кој исто така беше одигран на Исланд, заврши без победник 20:20, максимално и борбено до самиот крај „лавиците“ од Ѓорче Петров со убедлива победа обезбедија билет во следната фаза од Европскиот Куп. По обезбедениот пласман во третото по ранг европско натпреварување, во соблекувалната на Ѓорче Петров ечеше „Излези момче“.