Шего за 24 Ракомет ТВ: Никој не помисли за ваква лесна и висока победа (ВИДЕО)

Голманот на Монпелје, репрезентативецот на Хрватска, Марин Шего после натпреварот против Вардар и победата од 31:25 го искажа својот коментар за 24 Ракомет ТВ. Тој во коментарите го даде своето видување за победата за која смета дека пресудиле добрата одбрана и коректниот напад. Смета дека секогаш е тешко да се игра пред публиката во СЦ „Јане Сандански“, а вели и дека ќе мора да се посветат повеќе и на домашното првенство во Франција бидејќи таму не им оди најдобро. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.