Чупиќ за 24Ракомет ТВ: Во Скопје живеев како ракометар, но се чувствував како фудбалер (ВИДЕО)

Ракометарот по кого ќе тагуваат сите навивачи на Вардар, Иван Чупиќ си заминува од клубот и кариерата ќе ја продолжи во дресот на ППД Загреб. Тој многупати повторуваше дека Скопје останува неговиот втор дом, а уште еднаш потенцираше дека во овој град не само што се чувствувал како дома туку и уживал во славата каква што обично имаат фудбалерите. „Ќе паметам сè. Навивачите, салата... Во Скопје живеев како ракометар, но се чувствував како фудбалер. Двата пречека после Лигата на шампионите пред полн плоштад, секоја победа во Јане Сандански пред полна сала... До крајот на животот ќе ги паметам само по убаво и Вардар и Македонија“, коментираше Чупиќ за 24 Ракомет ТВ. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.