Чкембари ги вратија пелистерци на бис (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до важен триумф против составот на Кадетен со што останаа во трка и за првото место во Групата Д од Лигата на Европа. Откако заврши средбата и се повлекоа во соблекувалната мораа повторно назад бидејќи навивачите ги повикаа на бис. Играчите се вратија на терен заедно со чкембарите да го прослават големиот триумф.