„Четата“ на Лазаров комплетна, на менито се Финска и Швајцарија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

репрезентација тренинг 26-04-2021

Машката ракометна репрезентација утринава ги започна подготовките за последните две квалификациски средби за ЕП против Финска и Швајцарија. Селекторот Кире Лазаров смета на 21 играч пред дуелот со Финска, а утре ќе биде одлучено колку ќе патуваат за Рихимаки. Македонија е веќе пласирана на ЕП, но ако се поклопат коцките, со пораз на Данска во Швајцарија и со две наши победи, може до вториот шешир пред ждрепката. Натпреварот против Финска се игра во Рихимаки в среда од 17:00 часот.