Цветковски е МВП, Шулевски нај стрелец, а Симјановски најдобар голман на кадетскиот Ф4

Кадетите на екипата на Бутел Скопје се шампиони во оваа сезона, откако во финалето на завршниот турнир славеа против Алкалоиид со 22-20.

Две од индивидуалните признанија на Ф4 турнирот заминаа во рацете на шампионските момци на Дарко Јанев.

Петар Цветковски беше прогласен за најдобар играч, односо МВП, додека за најдобар голман беше прогласен Наум Симјановски.

Најдобар стрелец на турнирот е Славчо Шулевски од Охрид.

Кадетите на Бутел Скопје овој пехар му го посветија на нивниот поранешен клупски другар, Марко Божиновски, кој лани го загуби животот.

Бутел со херојски пресврт го реши Алкалоид за шампионски трофеј!