ХРАБРОСТ ИЛИ ЛУДОСТ: Со цепелин „а ла Македонија“ во последната секунда стигнаа на чекор до ЕП! (ВИДЕО)

Репрезетнтациите на Полска и Холандија одиграа максимално израмнет и до крај неизвесен натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство. На крајот победата им припадна на ракометарите на Холандија кои со фантастична акција во последниот напад постигнаа гол за голема победа, 26-27. Стеинс ја имаше топката на неколку секунди до крај и тргна кон голот од многу мал агол на лево крило, но Смитс одлично го следеше и беше проигран за лесен гол со цепелин каков што често знаат да направат македонските репрезентативци. Погледнете го атрактивниот погодок за победа и огромната радост на Холанѓаните....