Финишот од драмата – Како „фармацевтите“ го испратија Гудме со празни раце (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа од 32:31 против ГОГ Гудме во натпревар од Лигата на Европа и се најдоа на патот кон осминафиналето во натпреварувањето. Одличната игра особено во второто полувреме донесе големи два бода за тимот од Битола и хет-трик на победи во Лигата на Европа во период од осум дена. Финишот беше драматичен, Периќ биеше при 32-31 за плус два, но Халгримсон одбрани. ГОГ Гудме отиде да игра за бод во последниот напад, но ракометарите се прекомбинираа, па победата им припадна на ракометарите на Еурофарм Пелистер. Погледнете ги последните секунди од овој натпревар...