Фантастичен Кантегрел – сите одбрани против ПИК Сегед (ВИДЕО)

Вардар загуби мининмално на возвратниот дуел кај ПИК Сегед со 33:34, во поголемиот дел вардарци се држеа добро и до самиот финиш имаа шанса да избегнат пораз. Еден од најдобрите поединци на натпреварот беше голманот на Вардар, Робeн Кантегрел кој имаше фантастично издание со 16 интервенции. Кантегрел во клучните моменти успеваше да ги сопре ракометарите на ПИК Сегед и да го одржува Вардар во игра. Ова беше негово најдобро издание откако пристинга во Скопје со што покажа дека има потенцијал да биде огромно засилување. Во следното видео погледнете ги сите одбрани на Кантегрел...