„Фалангата“ им покажа на сите како се навива – Бисер балкански ечеше во „Феникс Арена“ (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Макеоднија и покрај тоа што настапот на Европското првенство го заврши со три порази поддршката од навивачите кои отпатуваа во Дебрецин ја имаа до последен момент. На последниот натпревар беше уживање да се слуша песната на македонските навивачи кои уште еднаш беа најбројни и најгласни во салата. Во второто полувреме околу 40 минута во салата во Дебрецин на цел глас фалангата ја пееше добро познатата песна „Бисер балкански“. Како изгледаше тоа погледнете во следното видео.