Фактор плус, за мотив плус: Среќата на страна на Норвешка, впечатокот за Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Мундијал (U19) Хрватска: Македонија-Норвешка 25-27

 

Иако во текот на целиот натпревар Норвешка имаше минимална предност, македонските репрезентативци во ниеден момент не дозволија да бидат понижени, а тоа го направи натрпреварот интересен и возбудлив до самиот крај. Трите исклучувања и двата црвени картони за клупата на Македонија говорат многу за позицијата во која беше Македонија на овој натпревар. Впечатокот и играта оставија позитивни мисли и мотивација дека има штоф да се избегне споредната улога која Македонија во сите возрасни категории ја има веќе неколку години на големите натпреварувања... Ден пауза за ресет и острење за дуелот со Црна Гора кој ќе биде клучен за нашата селекција во амбициите да се избори за место во главната фаза.