Унгарски нокаут за Вардар среде Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Веспрем (Лига на шампиони)

Вардар загуби од Веспрем во првиот натпревар од осминафиналето со 27:41 на домашен терен. Гостите од Унгарија водеа од почетокот на средбата, а на полувреме имаа 21:11 и практично се веќе во четврт-финалето додека реваншот е само формалност.

Ракометарите на Вардар го одиграа најлошиот натпревар во Лигата на шампионите сезонава на домашен терен и претрпеа пораз од 27:41 на првиот дуел од осминафиналето против тимот на Веспрем. Во текот на целта средба гостите од Унгарија беа во предност и практично уште во првото полувреме го решија победникот кога направија позитива од десет гола и водеа со 21:11. Со оваа победа Веспрем е веќе во четврт-финалето, а на Вардар е да се насочи на домашна сцена и во СЕХА за да се финишира сезоната подобро и со трофеи.