Тоше Проески одекна во „Ритал Арена“ во чест на Миркуловски (ВИДЕО)

Еден од најдобрите македонски ракометари, Филип Миркуловски, денеска ја заврши својата играчка кариера. Популарниот Жути успеа со победнички крај да се збогува од ракометните терени откако со Вецлар триумфираа против Минден, 30:28, во натпревар од последното коло од Бундес лигата. Миркуловски беше испратен со големи овации од фановите кои присуствуваа во „Ритал Арена“. Во негова чест беше пуштена и песната од Тоше Проески - „Чија си“...