Томовски како пантер, Мандалиниќ не успеа двапати во две секунди (ВИДЕО)

Вардар и Еурофарм Пелистер го играат првото дерби во сезоната во Супер лигата и домашниот тим водство и контрола на резултатот. Во првиот дел на голот на Вардар беше Ристовски, но во продолжението го замени Мартин Томовски кој имаше неколку одлични интервенции. Мандалиниќ имаше седмерец кој го сопре Томовски, а одбиената топка повторно се врати кај хрватскиот лев бек кој од лежечка позиција шутираше, но и тој удар успеа да го одбрани вардаровиот голман. Двојната интервенција на Томовски погледнете ја во видеото.