Тобоган емоции: Последни секунди, гол за пресврт за радост на “црвено-црните” (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар vs Еурофарм Пелистер, финале Куп на Македонија 2022

Ракометарите на Вардар со фантастичен финиш и пресврт ја освоија титулата во Купот на Македонија откако го совладаа Еурофарм Пелистер со 23:22. После голема борбата на теренот и на трибините големиот шампион не дозволи ривалот да им одземе трофеј во Купот сезонава. Значителен декор на финалето иму дадоа и навивачите кои дојдоа да ги поддржат своите екипи.