Тајм-аутот на Вујо стана хит: Не шутирај по 5 секунди како да си Ким Андерсон (ВИДЕО)

Поранешниот тренер на Вардар и екс селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, кој на Светското првенство во Полска и Шведска ја предводи селекцијата на Иран, во дуелот со Црна Гора, односно при негатива на неговите избраници од 9:5, мораше да повика тајм-аут, со цел да дојде до консолидација во редовите на иранската репрезентација. Вујовиќ воопшто не беше задоволен и побара од неговите избраници да не брзаат, а еден од нив го опомена дека шутира по пет секунди од стартот на нападот како да е легендарниот Ким Андерсон, па ова видео стана хит на интернет...