Струшкиот трофеј е “црвено-црн”, вардарци ја преживеаја драмата со битолчани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Е.Ф. Пелистер финале, Струга

Ракометарите на Вардар му се реваншираа на тимот на Еурофарм Пелистер за ланскиот пораз на Струшкиот турнир, како и за поразот во Супер купот на Македонија пред некој ден откако денеска дојдоа до триумф од 33:32 откако беа одиграни 70 минути бидејќи после 60 минути беше 28:28. Струшката публика имаше можност да ужива во неизвесен натпревар скоро до полноќ...