СТРУГА 2021: Драма до последниот свиреж, битолчани до прв триумф (ФОТОГАЛЕРИЈА)

49. Струшки турнир (Еурофарм Пелистер – Металург)

Суперлигашите Еурофарм Пелистер и Металург одиграа неизвесен натпревар на вториот ден на 49. издание на Струшкиот турнир во Групата 2. Победи тимот од Битола со 25:24 со гол на 30 секунди до крајот на средбата откако беше навистина интересно во завршницата од натпреварот.

Екипата на Еурофарм Пелистер имаше победнички старт на Струшкиот турнир и во својот прв натпревар од Групата 2 го совлада Металург со 25:24. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај и нијанси решаваа за битолчани да стигнат до првиот триумф покрај езерото. Металург со два порази ќе се бори за петтото место во недела, додека битолчани ќе играат со Тиквеш во борба за првото место во групата и пласман во финалето.