Стеинс како шило низ одбраната на Алборг, погоди со „вртимушка а ла Дибиров“ (ВИДЕО)

Ракометарите на ПСЖ уште еднаш се елиминирани од Лигата на шампионите и нема да се борат за титулата откако загубија во првото полуфинале од Алборг со 33:35. Избраниците на Раул Гонзалез во поголемиот дел од натреварот водеа и го контролираа резултатот, во периодот на водство имаше простор и за атракција. Средниот бек на ПСЖ, Лук Стеинс имаше солиден настап на овој дуел и постигна четири погодоци. Еден од нив беше многу атрактивен во стилот на Тимур Дибиров речиси од лево крило. Погодокот на Стајнс може да го погледнете во видеото....